Речиси и да нема човек кој не добил барем некогаш желба да побегне некаде во природа, на неколкудневно кампување. Но, има и онакви кои навистина не сакаат да се откажат од секојдневниот комфорт, или пак се плашат од бубачките кои не ретко знаат да „провалат“ во обичните шатори. За ваквите љубители на природата, Јужнокорејците смислија нови, луксузни шатори, кои овозможуваат удобно сместување и во најдивите предели. Овие „гламурозни“ живеалишта креирани од ArchiWorkshop, се наоѓаат во Јужна Кореја и нудат домашен амбиент, во шумски услови.