Луксузна свадба на Николина Пишек на Азурниот брег

Хрватската водителка Николина Пишек наскоро ќе прави свадба со Видоје Ристовиќ. На венчавката ќе присуствуваат 60-тина најблиски пријатели и членови на семејството, меѓу кои и руски милијардер.

Николина Пишек во септември ќе се омажи со српскиот професор по историја на уметност Видоје Ристовиќ и тоа во местото Кап Дантибес во близина на Ница на Азурниот брег.

nikolina-pisek-vidoje-ristovic-tetovaza-1356381354-245103

Иако се зборуваше дека двојката ќе го изговори судбоносното „да“ веќе во јуни изгледа дека ги смениле плановите. Идните сопружници сакаат сѐ да биде совршено, така што на своите гости ќе им ги платат авионските карти и хотелското сместување.

На свадбата се поканети 60-тина блиски гости, а во луксузното одморалиште ќе се најде и една од најбогатите руски двојки во светот, 41-годишниот бизнисмен Андреј Мељниченко и неговата сопруга, поранешната српска манекенка и некогашна членка на групата Моделс, Сандра Мељниченко. Тие правеа свадба на истото место во 2005 година.

- Реклама -