Популарната пејачка конечно го преболи Луис Хамилтон, со кого ја раскина долгогодишната врска во февруари.
Никол Шерцингер (37) е видена како разменува нежности и бакнежи со фудбалерот Пајтими Касами (23), на одмор во Миконос, пренесува DailyMail.
Иако е постара од него цели 14 години, се чини дека тоа не е пречна за нивната љубов.
Касами е роден во Македонија во албанско семејство, но настапува за репрезентацијата на Швајцарија. До неодамна, тој беше дел од англискиот клум Фулам, но минатата година се пресели во Олимпијакос.
Никол вчера наполни 37 години, а нема сомнение дека нејзиниот нов дечко и го разубавува одморот во Грција со луда роденденска забава.
Додека Никол ја започна ноќта во светкаво сребрен мини фустан, работите малку се променија во текот на вечерта, кога беше забележана како тверка на улицата, заедно со пријателките и Касами.
Никол и Патим штотуку се запознаа, но се чини дека на него не му сметаше што работите излегоа малку од контрола, носејќи ја во раце на крајот од вечерта.