Луѓето имаат само четири емоции

Заборавете на мислењето дека луѓето се комплексни суштества кои имаат многу емоции.Нова научна студија покажа дека имаме само четири.

Имено, научниците ширум светот секогаш мислеле дека имаме шест емоции: Среќа, изненадување, страв,  гадење, бес и тага.

Но, новата студија од Универзитетот Глазгов покажува дека луѓето во својата база имаат само четири емоции: среќа, тага, страв и бес.

На учесниците на оваа студија  им покажувале израз на различни лица, па тие требале да ги препознаат нивните емоции.

На почетокот, сите ги гледале бесот и гадењето, како и стравот и изненадувањето премногу слично.

На пример, изненадувањето и стравот имаат слична гестикулација кај образите.

Меѓутоа, како што се развивале изразите, учесниците успевале да направат разлика меѓу нив. Така се дошло до резултатот дека разликите меѓу бесот, гадењето; изненадувањето и стравот се резултат на социјална еволуција.

- Реклама -