Ова е новата игра која ги освои луѓето ширум светот!
Ким Кардашиан одамна не е само реалити ѕвезда. Таа има и колекција накит, козметика, облека, а сега има и видео игра која стана вистински хит. Ким Кардашиан пред неколку недели го објави својот нов проект- видео игра инспирирана од нејзиниот живот.
Така играта се најде на листата „најсимнувани“ бесплатни игри во апликациите на Apple. Тоа е и голем успех за претходно непознатата компанија Glu Mobile која дизајнира игри.
И главниот лик на играта, славната Ким, признала дека е многу возбудена бидејќи дознала дека заработувачката од овој проект би можел да биде над 200 милиони долари!
„Овој проект е неверојатно искуство. Многу сум возбудена што на луѓето им се допаѓа оваа игра. Компанијата Glu Mobile создаде игра која сега е една од најпопуларните игри во App Store на Apple. Соработувавме на секој аспект на оваа игра за да изгледа подобро и пореално“, објаснила Ким.
Играта овозможува на играчот да одбере славна личност и тргнува со својот караткер низ Холивуд и посетува настани, оди на снимања и се заљубува. Улогата на Ким е да му помогне на вашиот лик и да ви се придружи во вашите секојдневни активности.