Oткако вчера во претставивме неколку едноставни пронајдоци, кои ги направија нивните изумители милионери, денеска ве носиме во светот на луди, но за многумина практични нешта кои го чинат животот позабавен.
Во прво време , кога ќе ги погледнете, ќе си помислите „Кој би се занимавал со производство на нешто вакво?” Погледнете неколку откачени пронајдоци кои сепак наоѓаат доста практична примена и широко и евтино производство:
Шпатула-ножици за сечење на пица
Благодарение на неа можете да сечете пица и да ставите парче во чинијата со минимален напор.
Цена: 11.99 долари
Пакет за сендвич против кражби
Во многу канцеларии постои еден проблем со заедничкиот фрижидер, па често вашиот ручек го нема таму! За да се заштитите од кражба, купете си специјална торбичка против кражби – таа изгледа како сендвич кој е мувлосан и едвај некој ќе сака да го украде.
Цена: $ 8
Капа за капење на мали деца
Се става за да не влегува шампон во очите на децата, а особено на бебињата.
Цена: 2-3 долари
Чадор за целото тело
Природно оваа идеја доаѓа од Јапонија. Покриено ви е речиси целото тело.
Сунѓер-микрофон
Сите сакаат да пеат под туш, а ова е сунѓер кој можете да го користите како микрофон.
Цена: 6.99 долари
Ракавици со џеб за детска рака
Тоа се комплет со ракавици за возрасни и дете. Во ракавиците на возрасниот има џеб во кој детето ја става раката, за да му биде уште потопло.
Чадор со процеп за гледање
Чадорот е подлабок, но не грижете се – има процеп за гледање.
Цена: 56 долари
Врата – маса за пинг-понг
Сакате да ја ставите масата за пинг-понг дома, но немате доволно простор? Купете си врата, која со едно вртење станува маса за игра.
Цена: 990 евра
Ем лази, ем чисти
Ова започна како на шала. Јапонска компанија го создаде овој костим за шега, но подоцна се најде американска компанија која го започна производството.
Костимот чини 40 долари, но неговата употреба е малку скандалозна – никако не е хигиенски да го облечете вашето бебе во џогери, со кои го чистите подот.
Перница – машка рака
Гушкање перница
Таргет група – осамени дами кои можат да заспиваат навечер со илузијата дека некој ги прегрнува.
Цена: 25 долари
Апарат за плочки на стомакот
Не, тоа не е фитнес апарат, туку изум со кој што може да се создаде илузија дека имате плочки, барем за некое време. Не сме сигурни дали е шега.
Ремен како метро
Со овој појас, ќе дознаете дали имате проблем уште со првиот сантиметар, кој ќе ви го зголеми обемот
Цена: 13.60 долари
Даска за сечење со собирање на трошките
Трошките можат да се собираат на едно место, од кое потоа можете да ги храните птиците.
Чадор за двајца
И двајцата ќе сте подеднакво суви со овој чадор.
Чадор за кучиња
Не знаеме колку е практично, но некои компании продаваат слични чадори за кучиња.
Чинат 20 фунти.
Чадор-воден пиштол
Врз чадорот се собира вода, а некои луѓе не сакаат ништо да оди напразно, па затоа – Испукајте го!
Цена: 1-2 долари
Перница -ној
Со неа можете да заспиете насекаде – на аеродромот, во авионот, во час по математика. Перницата е мека и удобна, а во исто време се затемнува пред вашите очи.
Цена: 99 долари
Влечки со LED светло
Кога навечер станувате да земете нешто од кујната, или да одите до тоалетот, овие обувки ќе ви го осветлуваат патот. Цена: 40 долари