Тврдењето дека растенијата плачат додека ги јадете не е фикција. Билките навистина произведуваат течност додека другите организми ги јадат, односно произведуваат масло кое го користат како одбрана од предаторот „јадач“, покажа студијата од Универзитетот во Мисури.
Нивните научниците неодамна утврдија дека растенијата можат да препознаат и разликуваат звуци од околината, пишува „Дејли Мејл“.
Имено, билките нема да реагираат на звукот на ветерот, но можат на звукот на грицкањето на листот на гасеницата. Така почнуваат да испуштаат „одбранбени сокови“ кои го влошуваат вкусот, објаснија научниците.
Со помош на рефлекторна хартија и ласер, научниците успеале да ја измерат реакцијата на билките на напад од гасеница и споредиле со реакцијите на растенијата кои не биле ничиј оброк.
„Претходните студии покажале дека растенијата можат да реагираат на звуци од околината, на пример на музика, но ова е прво истражуање кое покажува реакција на вибрации“, рече водачот на истражувањето, Хејди Епил.
Таа додава дека тие вибрации се сигнал на билките да го променат метаболизмот на нивните клетки за да се одбрнат од предаторот. Реакцијата на билките ги тера гасениците да подолжат понатаму и најдат нов плен.