Бермудите и кратките панталони отсекогаш се на листата на облека што е непримерна за во канцеларија, но новите, гламурозни панталони до колена едноставно се неодоливи и апсолутно соодветни за сите градски прилики.
Таканаречените „long shorts“ се замена на досадните здолништа за на работа, но и за класичните долги панталони, особено ако сакаш да ги покажуваш нозете.
Може да се комбинираат на сто начини затоа што изгледаат супер како со маици и патики, така и со кошули и џемпери во комбинации со сандали и салонки.
Доаѓаат во бројни бои и шари кои се популарни оваа пролет, но ако се плашиш од преголеми модни предизвици, одбери некоја едноставна пастелна нијанса или класични црни.