Во ноќта што чиниш вечна е и не минува кога треба,
Чекајќи да дојде утре и да трае и трае…
Зошто времето е толку непостојано,
Да се сопре не може, да се забрза уште помалку,
А желбата немоќна е…
Среќата ја зажарува исчекувањето,
Толку секојдневно, за некого толку вообичаено, а се посилно.
Турка и засмејува…
Чуден е овој копнеж,
Се задоволува само лице в лице,
Зашто тука си , а како да не си,
Среќа си, а те слушам молкум…
Ми требаш како што дождот и треба на земјата,
сонцето да ги ослободи замрзнатите езера.
Ми требаш дека си среќа.
Ете затоа ми фалиш…
…Давил…