Сукано лиснато тесто, со прелив од јогурт и лук. Ова е рецепт од паланечкиот крај, кој се вика Сарамсаклии.
Подготовка
Чекор 1: Брашното, квасецот и солта убаво измешајте ги. Потоа додадете го маслото, мешајте убаво и додавајте ја полека водата за да добиете тесто кое нема да се лепи по раце, а ќе биде меко на допир.
Оставете да нарасне двојно поголемо. Замесете го повторно и по потреба попрскувајте со брашно за да не се лепи на рацете.
Чекор 2: Поделете го тестото на мали топчиња и секое топче расукајте го тенко. Целата кора премачкајте ја со маргарин и здиплете ја на половина. Потоа пак премачкајте ја и здиплете ја, и сѐ така додека добиете тесто со големина на дланка.
Чекор 3: Ова тесто расукајте го во кора со дебелина од половина прст, па од него сечете коцки. Од коцките направете пакетче на тој начин што ќе ги соберете и залепите едно за друго краевите.
Чекор 4: Печете ги во загреана рерна на 200 степени, 20 минути, додека заруменат.
Во меѓувреме подгответе го преливот така што ќе ги измешате јогуртот, истолчениот лук и сол по вкус. Штом зарумениле, прелијте ги и вратете ги во рерна да се допечат уште 10 минути.
Чекор 5: Сервирајте парче на чинија и добар апетит!
СОВЕТ: Веруваме дека овој рецепт ќе ви се допадне, бидејќи е комбинација на тесто и јогурт, кои често ги јадеме заедно. Но, посебно ќе го сакаат љубителите на лук!