Линдзи Лохан е сместена во клиника во Калифорнија, а од таму велат дека престојот го преживува доста тешко.
„Линдзи едноставно не сака да биде таму. Таа беше принудена да оди во болница од судијата, наместо да оди во затвор “, вели извор близок на актерката.
„Актерката изгледа премногу бледо, а нејзиното лице е подуено, без апсолутно никаква енергија “, додава изворот.
Линдзи треба да помине низ третман и да остане 90 дена во клиника, поради санкција од Судот, како резултат на брзо возење во пијана состојба.