Линдзи Лохан и призна на Опра: Зависна сум од алкохол и таблети

 

Само четири дена откако излезе од рехабилитација Лидзи Лохан гостуваше во емисија на Опра Винфри и одлучи конечно да признае се.

Проблематичната актерка отворено говореше за својата зависност од алкохол и таблети, а додаде и дека користела кокаин повеќе пати, од она што претходно го говорела.

По потресното интервју, водителката и гостинката се фотофрафираа.

Лохан веќе шести пат се обидува да се излечи од зависноти, а како што вели Опра „Овој пат ќе биде поинаку“. На директно прашање упатено од страна на водителката „Дали си зависник?“, актерката кратко одговори „Да“, а потоа призна дека не може да издржи без алкохол.

370209_lindzi-lohan1_ff

„Мешав кокаин со алкохол, но навистина не сум го правела тоа повеќе од 10-15 пати“, истакна Линдзи, која инсистираше  дека „никогаш не уживала“ во тоа.

 

Опра беше строга, но праведна.

Лохан исто така истакна дека била под влијание на друштвото и дека наркотиците најчето ги конзумира на журки.

„Никогаш не сум се боцкала, само шмркав. Тоа идеше рака под рака со алкохолот.

Таа исто призна дека е зависна од лекови на база на амфетамин, бидејќи и пружаат сигурност.

„Овој пат се ќе биде поинаку, бидејќи престанав да ги земам таблетите. Пијам само витамини и лек против киселини во желудникот“, открива таа.

Актерката во 2010 година ја прекрши условната слобода и беше осудена на три месеци затвор.

„Бев во хаос и не можев да се извлечам. Затоа се надевав дека ќе завршам во затвор, мислејќи дека таму конечно ќе ја победам зависноста. Сакав да одам на место каде нема да можам да правам ништо“, изјави Линдзи.

Во интервјуто се зборува и за нејзината мајка Дини, која безуспешно се обидувала да ја заштити од светот на дрогата и алкохолот, во кој упаднала уште како многу млада.

На крајот од интервјуто Опра на својата гостинка и посака среќа.

 

- Реклама -