Адријана Лима беше во Бразил за отварањето на Светското првенство во фудбал, а од обврските кои ги имаше како една ВИП промотерка сега се одмара во Мајами.
Убавицата се бањала и сончала на плажа, но не пропуштила прилика максимално да биде дотерана, па носела и бразлетни и обетки додека носела очила за сонце. Уживала придружена од пријателите, додека Марко Јариќ, од кој се разведе по пет години брак, за тоа време се грижел за нивните ќерки.
Јариќ на Инстаграм објавил слика со неговите две ќерки Валентина (4) и Сиена (2) покрај која напишал: „Нема ништо поубаво во животот од ова“.