Со текот на времето, многу типови на храна и пијалаци стекнаа репутација како подобрувачи и двигатели на сексуалниот нагон. Афродизијакот претставува субстанца за која се верува дека ја зголемува сексуалната желба. Ова се дел од најпознатите…
Лубеница
Една студија вели дека лубеницата може да има ефекти како и вијаграта. Но, конзумирањето на лубеницата не може да го зголеми либидото или да ја третира еректилната дисфункција. Содржи големи количини на цитрулин кој што има позитивни ефекти врз кардиоваскуларниот и имуниот систем. Цитрулинот ги ослободува крвните садови и го подобрува протокот на крвта, слично како што тоа го прави и вијаграта. Но, сепак, тоа не е така органски специфично како што е случајот со вијаграта. Исто така, цитрулинот од лубеницата во најголем дел се наоѓа во делот од лубеницата кој што не се конзумира.
Авокадо
Авокадото содржи високи нивоа на фолна киселина која што помага во метаболирањето на протеините. Исто така, содржи и витамин Б6 кој што помага во произведувањето на машките хормони. Калиумот исто така се содржи во авокадото и помага во регулирањето на тироидната жлезда кај жените со што и се подобруваат нивоата на либидото.
Чоколадо
Веројатно најмногу проучувано од сите афродизијаци е чоколадото. Една студија од 2006 година вели дека жените кои што секојдневно по навика конзумираат чоколадо имаат поголема сексуална функција во однос на оние жени кои што не конзумираат чоколадо. Интересно е тоа што не биле пронајдени разлики помеѓу групите во однос на сексуалното возбудување или сатисфакцијата. Чоколадото содржи фенилтиламин и серотонин, две хемикалии кои што ги надразнуваат центрите за задоволство во мозокот.
Аспарагус
Аспарагусот е богат со витамин Е, за кој што се смета дека го стимулира производството на тестостерон и може да биде значаен за здравиот сексуален живот. Добро е да се конзумира и од страна на мажите и од жените.
Банана
Бананата претставува извор на енергија. Го содржи ензимот бромелаин за кој што се верува дека го подобрува машкото либидо. Нејзиниот фалусен облик е делумно одговорен за популарноста на бананата како афродизијак. Богата е со калиум и Б витамини како што е рибофлавинот кои што се неопходни за производството на тестостерон.
Објавено во соработка со За Здравје.