Откако пејачот призна дека има дете со новинарката Лиз Горбани, неговата жена, Никол Апелтон, го исфрлила од дома. Никол на Лиам Галагер му кажала дека не сака да го види неколку недели.
Пријателите на рокерот изјавиле дека Лиам е во очајна состојба, но неговите постапки не го потврдуваат ова.
Тој вчера со бендот настапуваше на Ибица, а посетителите на фестивалот рекле дека тој до утрината пиел и се забавувал. Според нивните зборови, покрај него била непозната млада девојка со која разменувал нежности.