Компанијата „LG Electronics“ денеска го претстави најмалиот безжичен полнач на светот, во рамките на „Светскиот Мобилен Конгрес“ во Барселона.
Безжичниот полнач, „WCP-300“, има дијаметар од 6,9 cm, и е дизајниран така што преносливоста е ставена во прв план, а одговара со стандарден микро USB полнач, се наведува во соопштението.
„WCP-300“ користи технологија на електромагнетна индукција која создава магнетно поле кое ја генерира струјата и ја полни батеријата која се наоѓа на подлога за полнење. Полначот соодветствува со сите смартфони кои се придржуваат на Qi стандардот.
Мобилните телефони „LG Spectrum 2“ и „Nexus 4“ веќе поседуваат вградена поддршка за безжично полнење, со што се елиминира потребата за купување на специјални маски.
Претставниците на „LG“ веруваат дека вградената поддршка за претстојните „смарт“ телефони, ќе бидат од клучна важност за поставувањето на нови стандарди и понатамошен развој во ерата на телефоните.