Леонардо ди Каприо дефинитивно знае како да организира добра забава.
Волкот од Волстрит може да учи од познатиот актер кога станува збор за раскошниот начин на живеење.
Очигледно голем фан на фудбалот, 39-годишниот ја позајмил петатта најголема суперјахта во светот за да обезбеди на своите пријатели ултимативо уживање во стил за Светското фудбалско првенство.
Виден на трибините како носи шал со бразилски аблем околу вратот, актерот се обиде да остане незабележан додека го следеше натпреварот.
Сепак, тоа беше тешко за неговата јахта со оглед на нејзината големина.
Се верува дека чини над 678 милиони долари, според локален весник во Сао Паоло и суперјахтата е поголема од сите освен еден брод во бразилската морнарица.
Но, на Лео му бил потребен простор, бидејќи тој не е единствениот кој ужива во луксузното патување туку е заедно со 20 негови пријатели кои му се приклучиле на забавата.
Не е познато дали актерот плаќа за користење на суперјахтата или дали била подарок од нејзиниот сопственик Мансур бин Зајед Ал Нахјан- попознат како Шеикот Мансур- Вицепремиерот на Обединетите Арапски Емирати и сопственик на ФК Манчестер Сити.