39-годишниот актер Леонардо ди Каприо, кој фантастично ја одигра улогата на финансиски брокер во филмот „Волкот од Волстрит”, се забавувал за време на еротските моменти, па дури и немал ништо против да се соблече пред камерата.
„Голем дел од филмот зависи од создавањето на луда и несовесна атмосфера. Немав и несакав двојник за снимање на еротските сцени. Сето тоа беше мое “, вели ѕвездата. Тој откри дека сцената со оргија во авионот се снимала цел ден.
„Беше тотално лудило. Беше забавно. Не мислев на голотијата, туку на животот на човекот кој го толкував “, изјави актерот. Лео уште призна дека во поголем дел од времето се чувствувал како рок ѕвезда, но сето тоа завршило по крајот на снимањето.
Погледнете повеќе низ страниците…