Бразилката го издаде: Леонардо Ди Каприо има нова девојка

Лео е неверојатен, но не знам што ќе каже на тоа што разговарам со вас. Се договоривме никогаш да не зборуваме за нашата врска. Во Европа е поинаку, луѓето не гледаат на разни места, па немаат потреба ништо да не прашуваат, рекла манекенката Кат Торес за бразилскиот магазин Extra.

335711_4020285138747_1550203514_o

Таа открила дека Леонардо Ди Каприо не сака да се фотографира и затоа многу ретко излегува.

Младата Бразилка,24, чие целосно име е Катиусциа Торес Соарес не го дели неговиот став и открила како се запознала со 38-годишниот Лео.

336687_4020350900391_520318842_o

„Тоа беше во Кан ,престојувавме во иста куќа за време на фестивалот“.

Кат не е прва манекенка со која заводникот бил во врска. Пред неа се забавуваше со Жизел Бундхен, Бар Рафаели, Ерин Хеатертин и Тони Гарн, а наводно на Канскиот фестивал и се додворувал на Кара Девелигне.

article-2459611-18BD7C3300000578-323_634x749 article-2459611-18BD7CB100000578-304_634x699

 

- Реклама -