Лејди Викторија и Сер Бекам остана само пуста желба

Иако беа номинирани, Дејвид и Викторија Бекам сепак нема да ја добијат титулата „Сер“, односно „Леди“. Имено,  Кралскиот комитет одлучи дека е прерано за таа чест, оставајќи ги со празни раце и потсмевање од страна на медиумите.

И покрај шпекулациите дека семејството Бекам ќе ја добие благородничката титула поради успесите на Бекам како фудбалер и фактот дека помагаше во организирање на Олимпијадата во Лондон, Кралскиот комитет одлучи дека тие сè уште не се достојни за тоа.

Оваа одлука на Кралскиот комитет беше вистински шок за Обединетото Кралство, бидејќи се сметаше дек Бекам сигурно ќе ја добие титулата „Сер“, бидејќи и самиот принц Вилијам го предложи неговото име за оваа титула.

Кладилниците ширум светот пред две недели го затворија кладењето на негово име имајќи предвид дека се сметаше за апсолутен фаворит.
Но, Дејвид не е единствен спортист на кого оваа титула му се лизна од рацете. Минатата година тенисерот Енди Мареј се сметаше за добитник на титулата „Сер“, откако го освои Вимблдон, но таа му припадна на велосипедистот Бредли Вигинс.

- Реклама -