Лејди Гага пушти мустаќи

Што и да направи не не чуди, но последниот кикс на Лејди Гага не можеше да остане незабележан.

На премиерата на нејзиниот нов албум се појави со мустаќи во стилот на Салвадор Дали. 27-годишната пејачка сега има кратка бела коса, која делува по малку досадно, но затоа стилот го направила впечатлив со овој детал инспириран од шпанскиот сликар.

Толку за лицето. Но, таа остави впечаток и со облеката. Упс, паа та не носеше облека. Се појави со долга бунда под која носеше црна долна облека.

- Реклама -