Лејди Гага е горда на својата фигура и нема проблем со тоа да се соблече и кога има вишок килограми.
Tаа во последно време се повеќе се дебелее, а доказ за тоа се најновите папараци фотографии во костим за капење.
Сите ја паметиме од почетокот на нејзината кариера како многу згодна девојка, која во текот на промоцијата на вториот албум драстично ослабе што се случи поради бројни здравствени проблеми. Крајната точка ја достигна во спотот за песната „Алејандро“ каде што беше исклучително слаба и бледа.
Во текот на кампањата за трет студиски албум таа повторно се врати во форма, беше згодна и затегната, но со светот сподели дека има проблеми со исхраната поради што килограмите и варираат уште од адолесценцијата.
Со тоа, се позанимава и во песната „Do what u want“ во која што истакна дека светот може да мисли што сака за нејзиното тело, но дека новинарските написи и погрдни коментари на интернет не можат да ја повредат нејзината душа.
Веќе некое време Гага си даде оддишка, но судејќи по нејзиниот стајлинг таа нема проблем со вишокот килограми, односно не се срами да ги покаже и да остане весела и горда на нив. Што да се каже на тоа, освен едно големо Браво. Нам и ваква ни е крајно симпатична.