Нејзината мајка се бореше со зависнота од алкохол, а почина во 1969 година по предозирање.
Се чини дека некои работи остануваат во семејството.
Холивудската легенда Лиза Минели, повторно заврши на рехабилитација од алохолизам.
Добитничката на Оскар за нејзината улога во култниот филм „Кабаре“ поголем дел од животот води битка со својата зависност и до сега не ја победила.
По многу обиди и посети во разни клиники, не успеа да се одвикне од љубовта кон чашата.
Овој пат нејзините блиски пријатели потврдуваат дека Лиза одлично напредува и дека состојбата и се подобрува. Таа во клиниката е неколку дена.
Нејзината мајка, Џуди Гарланд, исто така, поголемиот дел од својот живот се бореше со зависноста од алкохолот, но на крајот во 1969 година почина поради предозирање.
Лиза својата последна значајна улога ја имаше во филмскиот хит „Сексот и градот 2“, во кој ја изведе песната „Single ladies“ која во оргинал ја изведува Бијонсе.
Во 2010 година на Лизи ѝ било понудено половина милион долари за да се појави во реалното шоу „Celebrity Rehab“, но ја одбила таа понуда.
Се надеваме дека нејзиниот сегашен престој во клиника сепак ќе ѝ помогне за надминување на својата зависност.