Легендата за убавата индијанка Покахонтас и нејзината љубов кон младиот Англичанец потекнува уште од 17 век , но се чинеше дека оживеа откако студиото на Волт Дизни го создаде истоимениот анимиран филм. Покахонтас ( Pocahontas ) е реално постоечка личност , ќерка на Wahunsenacawh – водач на едно од индијанските племиња кои живееле на територијата на денешната држава Вирџинија . Иако се смета дека нејзината мајка е од понизок социјален ранг , Англичаните ја нарекле „принцеза ” . Се верува дека Покахонтас е родена некаде кон 1595 година , но се знае точниот датум на нејзината смрт – умира на 21 март 1617 година. Вистинските, официјални имиња на озлогласената индијанка се Matoaka и Amonute .
Покахонтас е нејзиниот детски прекар , поврзан со нејзиниот „разигран“ карактер – на јазикот Powhatan тоа значи „малото лудо дете ” . Всушност традициите на локалната култура заповедале вистинските имиња на секој од племето да бидат чувани во тајност – тоа се правело , за да не може непријателот да го користи за да им наштети. Токму затоа индијанците го сокриваат од Англичаните вистинското име на Матоака и ја претставуваат како Покахонтас . Откако станува христијанка , го добива името Ребека и го зема презимето на својот сопруг – Џон Ролф ( John Rolfe ) .
Во месец мај 1607 година , англиските колонизатори пристигнуваат во Вирџинија и почнуваат да се населуваат таму. Токму тогаш малата индијанка и Англичанецот Џон Смит се среќаваат за прв пат . Кога ловците од племето фаќаат „цивилизиран“ непријател го доведуваат во населбата Werowocomoco , и имаат намера да го убијат . Интервенцијата на Покахонтас сепак го спасува животот на Смит и со тоа ја освојува почитта на сите новодојденци од англиските градови.
Всушност историјата на Англичанецот е единствениот извор на информации за настаните и многу историчари изразуваат сомневања во однос на нејзината веродостојност , бидејќи за спасувањето од индијанка, Англичанецот споменува дури во 1616 година , во писмо до кралицата Анн .
Во текот на годините историските факти се мешаат со изменување и дополнување , па добиваат форма на приказна за убавата индијанка , вљубена во силен странец.
Раните историски факти кажуваат како малата индијанка се спријателила со Џон Смит и често одела до англиските колонијални населби , за да си игра со децата. Во годините на глад таа им носела храна на Англичаните и ги спасувала од смрт. Со годините сепак дошло до експанзија на колонијата, а со тоа до нов конфликт меѓу новодојденците и локалното население кое се повеќе ја чувствувало загрозена својата земја . Во 1609 година Џон Смит бил ранет и морал да се врати во Англија , за да добие медицинска помош. Англичаните им рекле на Индијците дека Смит е мртов и Покахонтас ја прифатила таа вистина. Подоцна таа сфатила дека тој е жив.
Според податоците кои датират од тој период Покахонтас и Џон се земале на 5 април 1614 година и од нивниот брак се родил нивниот син – Томас Ролф .
Истата година Покахонтас станала Христијанка и го добила името Ребека.
Овој сојуз не помага за ослободување на англиските затвореници, но придонесува за остварување на мир меѓу локалните племиња и колонизаторите во следните неколку години . Што се однесува до синот на индијанката , благодарение на него , таа добива повеќе потомци.
Оваа фотографија , наводно, ја отсликува Покахонтас и нејзиниот син , но нејзината автентичност не е докажана.
Во март 1617 година семејството Ролф се качува на брод , за да се врати во Вирџинија , но уште во почетокот на патувањето Покахонтас се разболела тешко и умира . Причината за нејзината смрт не е целосно утврдена – се претпоставува дека индијанка била болна од големи сипаници , пневмонија или пак туберкулоза , иако има дури претпоставки дека била намерно отруена .