Латино заводничката „Руби“ и денес е секс-бомба

Барбара Мори (38), мексиканска актерка, пред 10 години ја играше главната улога во популарната серија „Руби“. Таа беше огромна заводничка на малите екрани, но иста е и во приватниот живот. Атрактивната Мексиканка и денес изгледа сјајно.

2rwvq6e

Кариерата ја започна како манекенка, а првата улога ја оствари во телевизискиот серијал „Астека“. Сепак, најголема популарност во Мексико, но и на Балканот, ја стекна глумејќи ја Руби во истоимената серија.

Овој интригантен лик беше одличен почеток за улогите кои следеа, па така, Барбара заигра и во повеќе други филмови како „Spanish Beauty“, „Violanchelo“, „Viento en Contra“.

Captura-de-pantalla-2014-02-04-a-las-1.26.33-PM

Шпанските филмови и оние со шпанско-индиска продукција и донесоа голема популарност на американскиот пазар. На премиерите ширум Америка, Барбара е чест гостин бидејќи нејзините филмски остварувања постојано се множат.

Пред 14 години, актерката се омажи за колегата Серхио Мајер, со кој во 1998 година му посакаа добредојде на нивното дете. Момчето го доби името на неговиот татко.

2-hrithik-rishan-suzanne-divorce-131213