Лана Дел Реј снима нов албум

Најпознатата дебитантка за 2012 година, Лана Дел Реј веќе работи на новиот материјал. „Daily Mail“ пишува дека пејачката веќе почнала со снимање на наследникот на „Born To Die“ и дека се наоѓа во студио во Санта Моника.

Иако Лана во ноември го објави „The Paradise Edition“, надополнето реиздание на нејзиниот првенец (беше дополнет со „Blue Velvet“, „Body Electric“, „Gods & Monsters“, „Yayo“ и „Ride“) веќе се собрале доволно песни за нов албум.

lana-del-rey-born-to-die-orange-lipstick1

За сега нема информации за тоа кога би можел да излезе албумот, како ни тоа дали новите песни се продолжение на стилот и звукот што го прославија „Born To Die“ или е нешто поинакво.

Мега ѕвездата подготвувајќи се за престојниот концерт во Москва и Санкт Петербуrг во јуни , за најновиот број на рускиот магазин „Marie Claire“ откри нови моменти за нејзиното творештво кое е последица на нејзиното контроверзно минато.

lana del rey 3

Порасната е во провинцијалскиот Леик – Плесид каде посетувала обично училиште и пеела во црковниот хор. На 15 – годишна возраст родителите ја испратиле во приватно училиште – интернат. Тој период Лана го памети како екстремно кошмарен. Три години подоцна таа се преселила во Њујорк каде започнала да студира филозофија на Fordham Универзитетот. Токму тогаш започнала да ги пишува меланхоличните балади (во стилот на нео- кантри) и да одржува концерти во Бруклин. Од хонорарите го плаќала сместувањето.

lana-del-rey-la-12-20-11

Денес, таа живее на релација Њујорк, Лондон и Глазгов (Шкотска) и веќе неколку години не конзумира алкохол.

- Реклама -