Врховниот суд во Ирак го прогласи курдскиот референдум за неуставен, со што се поништува изгласаната независност на регионот на Ирачки Курдистан.
Како што стои во соопштението на ирачкиот Врховен суд, со нивната одлука се поништуваат сите последици од референдумот и неговите резултати.
Курдските власти пак, одбиваат да ги прифатат одлуките на официјален Багдад, напоменувајќи дека мнозинството се изјасниле за независност на Ирачки Курдистаn.