За Кумровец дефинитивно не може да се каже дека е најубавото село на светот, но дека е едно од поубавите на Балканот е неспорен факт. Иако на прв поглед ќе помислите дека станува збор за некое прекрасно идилично селце кое се наоѓа во Австрија или Швајцарија, сепак, Кумровец се наоѓа во Хрватска, и е дел од Крапинско-загорската жупанија.
Она што го направи ова место толку познато и вредно за инвестирање во него, е тоа што поседува неверојатна природна убавина, како и фактот што тука се наоѓа и родната куќа на Тито. Токму таа денес е претворена во музеј, а целата околнина е позната и под називот „Етнолошки музеј: Старо село“.
Се наоѓа на реката Сутла на хрватско-словенската граница. Општината Кумровец брои околу 1.854 граѓани, а самото село има околу 304 жители. Општината била основана на 6 мај 1997.