Кулинарска тајна за вештите мајстори и големи гурмани

„Прстофат“ е магична мерка кога е во прашање готвењето, а некои тајни состојки треба да се користат во минимални дози за да би го постигнале правилниот ефект. Така, при правењето на кремови од чоколада секогаш додавајте по малку сол. Вкусот ќе биде фантастичен, интензивен и неодолив.

Солта го подобрува вкусот на тестото, слатките јадења па дури и на кафето. Секако, во мали количини.

Познатиот готвач Џејми Оливер вели дека во кремовите речиси секогаш додава малку сол.

„Звучи нелогично, но токму солта е многу корисна во слатките десерти кои ги готвите или месите. Посебно супер во комбинација со чоколадо, некако го истакнува вкусот на какаото. Јас скоро секогаш ја користам, но во мало количество.“

Интересно е и дека искусните домаќински во вкусните, домашни супи, посебно во пилешката, секогаш додаваат некоклу тронки шеќер. Имено, шеќерните кристали придонесуваат до посилна арома на која никој не може да одолее.

58308_profimedia0148617215_630x0

- Реклама -