Доколку сте клаустрофобични, дефинитивно не би сакале да се најдете во Каталонија за време на овој натпревар. Веројатно повеќето веќе сте виделе фотографии од „Concurs de Castells“, натпеварот во составување на кули од луѓе кој се одржува во Шпанија. Сепак, фотографот Дејвид Олиет најде прилично уникатна перспектива во 2012 година, од неверојатно блиска и прегледна позиција. Погледнете како толпата од мажи, жени па дури и деца, туркајќи се нанапред и наназад, формираат огромна човечка кула.