Настапот на Мис Венди, кучето кое „зборува“, ја воодушеви публиката и судиите во шоу-програмата „Британија има талент“, но некои гледачи, кои го следеа преку ТВ екраните, го осудија како „суров“ трик со лажна муцка.
Публиката на емисијата „Британија има талент“ се смееше до солзи кога „Мис Венди“ на течен англиски јазик „разговараше“ со сопственикот Марк, а судиите беа толку воодушевени што ги пуштија директно во следниот круг.
Трикот кој се крие зад настапот вклучува лажна муцка, која е камуфлирана со крзно со иста боја, а функционира на далечински управувач, така што се чини дека кучето ја отвара устата.
По прикажувањето на епизодата во саботата, британскиот орган за контрола на медиуми „Ofkom“ доби 21 приговор, додека на адресата на каналот ITV пристигнале уште 35.
Организацијата за заштита на животни RSPCA најави дека ќе стапи во контакт со продуцентите на емисијата со цел „да се утврдат методите кои се користеле“ за време на настапот на „Мис Венди“.
„Многу би не вознемирило доколку се воспостави дека кучето претрпувало малтретирање“, рекол претставник на организацијата.
„Стравот и вознемиреноста можат да се јават поради невозможноста нормално да дише и задишува поради маската која ја носи на сцена“, додал тој, напоменувајќи дека во студиото е многу топло и дека поради тоа задишувањето е многу важно.
„Ова не е талент и би требало да се истражи дали животното е злоупотребувано“, напишал еден корисник на Твитер, додека други го оцениле настапот како суров.
Погледнете го нивниот настап на линкот подолу:
Тие беа скептични кога рече дека кучето може да зборува, но кога тоа навистина ја отвори устата…
Сопственикот на кучето, Марк Метрал, кој зборува од стомакот и кој ја изведува точката „Мис Венди“, вели дека таа „обожава настапи“.
„Работам со неа од кога беше мало кученце. Никогаш не би ја довел во стресна ситуација. Се возбудува секој пат кога почнуваме да тренираме и секогаш ужива на сцена“, тврди тој.