Со промени во Уставот на државата, Куба ја воведува функцијата премиер. Овој предлог во текот на месецот ќе се најде пред Националното собрание, кое се очекува да ја одобри реформата.
Со уставната реформа од 1976 година ќе биде воведена функцијата премиер, со што ќе се раздвои улогата на шефот на владата и шефот на државата.
Се очекува предложената уставна реформа, која е опишана во главниот државен весник, да биде одобрена на национален референдум подоцна оваа година.
Со предвидените уставни измени, се воведуваат и многу новини во врска со слободниот пазар и приватното сопствеништво, како и претпоставка за невиност во судството и правдата. Новиот Устав ќе ги задржи правата како што е слобода на вероисповед, а од друга страна јасно ќе го издвои принципот на недискриминација во поглед на родниот идентитет.