Сношти од повеќе делови од светот можеше да се забележи затемнувањето на месечината, познато како „крвава месечина“.
Таа доби портокалова и црвена боја додека се затскриваше зад земјината сенка. Затемнувањето најубаво можеше да се види од делови од Европа, од Русија, од Африка и Блискиот Исток, како и од поголемиот дел од Азија и Австралија.
Во исто време се случи уште еден феномен, Земјата и Марс беа најблиску една до друга.
Нареден пат крвава месечина ќе има 2123 година, што значи дека, со оглед на должината на животниот век, љубителите на ваквите феномени имаа единствена шанса во своите животи да го видат помрачувањето на месечината.