Критична маса #15: Во среда сите на точак

Во среда сите на точак. Ќе се вози 15 по ред Критична маса под слоганот: „Да си кул на точак не е лесно, вози си свесно“.

Овој пат скопските велосипедисти ќе го кренат гласот поради небезбедноста на улиците и поради тоа што се чувствуваат како нерамноправен дел од сообраќајот.

Сите што се чувствувааат така, во 19 часот во среда може да дадат поддршка на оваа кампања на паркингот зад ТЦ Буњаковец. Рутата завршува во 20.30 пред Универзална сала.

Na-Tochak-KM-#15 (1)

„Со возењата во Критична маса покажуваме дека не’ има многу велосипедисти во Скопје и дека е потребно да се обезбедат услови за наше безбедно сообраќање, но исто така покажуваме и свесност за самите себе и останатите учесници во сообраќајот.“

За рутата, за настанот и за се останато видете си ТУКА!

- Реклама -