Крис Браун боледува од неколку пореметувања, објавено е денес бидејќи пејачот се појави пред судот за да го известат судијата за напредокот во рехабилитацијата.
Браун (24) беше уапсен во октомври минатата годиа поради тепачка, „кој знае која по ред“, и веднаш доброволно се пријавил во институција за лекување за да се справи со проблемот контрола на бесот, пренесуваат американските медиуми.
Браун пред судот изјавил дека боледува од биполарно растројство, синдром на пост-трауматски стрес и нарушувања во спиењето.
Неговите адвокати изјавиле дека многу проблеми на Браун произлегуваат од фактот дека самиот си „препишувал лекови“ за проблемите кои ги чувствувал.
Не е прецизирано кој стрес кај пејачот предизвикал пост-трауматски синдром. Според податоците на Светската здраствена организација, инцидентите кои го предизвикуваат овој синдром кај повеќето мажи кои боледуваат од истиот се силување, злоупотреба во детството или адолесценција, како и смртни закани.