Кремаст чоколаден сладолед кој ќе ве освои од прва

За подготовката на сладолед и не мора да бидете некој посебен мајстор за слатки, ниту пак ви требаат некои скапи апарати. Некогаш е доволно да имате само малку имагинација, волја, и добар рецепт за кој ние ќе се погрижиме.

Потребни состојки:

– 200 g темно чоколадо
– 5 жолчки од јајца
– ½ чаша шеќер
– 500 мл млеко

Подготовка:

1. Стопете ја чоколадата на пареа.

2. Во друг сад, темелно измешајте ги жолчките од јајце и шеќер (може и во прав). Кога овие две состојки ќе се соединат, постепено додадете го и млекото и истовремено мешајте.

3. Смесата префрлете ја во мало тенџерче и додадете го растопеното чоколадо. Мешајте на тивок оган додека состојките да се соединат, и тргнете ги пред да зовријат. Оставете неколку минути да се олади, и префрлете ја во замрнат метален сад, кој барем неколку часа претходно сте го оставиле во замрзнувачот.

4. Промешајте се добро и ставете во замрзнувач да отстои 45 минути. Извадете ја смесата која веќе се има оладено и згуснато, и промешајте ја. Повторно вратете ја во замрзнувачот да отстои уште 45 минути.

5. Извадете ја уште еднаш смесата и повторете ја постапката. Оставете уште најмалку час и пол додека не се стврдне во целост. На овој начин ќе избегнете создавање на кристали лед и ќе добиете кремаст сладолед.

- Реклама -