Крег: Патинсон треба да биде новиот Џејмс Бонд

Веќе наголемо се погодува кој глумец после Даниел Крег би можел да го глуми новиот Џејмс Бонд. Свој фаворит има и самиот актуелен 007, кој смета дека негов наследник би требало да биде Роберт Патинсон.

Според пишувањата на магазинот „ОК!“, тој е уверен дека младиот и талентиран британски глумец би бил одличен во улогата на славниот филмски таен агент.
Имено, Крег бил воодушевен од однесувањето на актерот од „Twilight“, во времето на скандалот кој изби поради неверството на неговата девојка Кристен Стјуарт.


„Да би пребродиле таков момент, а притоа целосно да го задржите нивото на професионалец, е потребна голема внатрешна сила и карактер“, изјавил глумецот.

Според изворите на „ОК!“, Патинсон бил поласкан и воодушевен од оваа изјава бидејќи како што рекол и самиот, е негов огромен обожавател.

Крег, кој досега три пати ја има толкувано улогата на Џејмс Бонд, би требало уште два пати да се најде во неа.

- Реклама -