Кравјото сирење се препорачува за секоја возраст

Сирењето е извор на протеини, може да се гарнира со секаков вид на јадење и е ценето во повеќето светски трпези. Исто така како производ со огромна хранлива вредност се препорачува на сите возрасти.

Свежото кравјо сирење по неговиот биохемискиот состав се рангира како висококвалитетна намирница. Многу е богато со протеини и ги содржи сите есенцијални аминокиселини и е одлична замена за месото.

Основниот протеин во сирењето е казеинот. Во процесот на производство на сирењето доаѓа до промена на хранливата вредност на оваа намирница во споредба со млекото.

Свежото сирење содржи масти и јагленохидрати и затоа преставува добар извор на витамини и минерали, пред се калциум, фосфор и магнезиум. Содржи 20-40% белковини и 15-45% млечни маснотии. При тоа, има најниска енергетска вредност меѓу сирењата, 100 грама има вредност од 103 калории.

- Реклама -