Иако има 41 година Камерон Дијаз по ништо не заостанува од помладите колешки. На премиерите на „Женската одмазда“ ја видовме Камерон Дијаз во различни мини фустани – која од која поубави. Погледнете ги сите фустани кои Камерон Дијаз ги облече на Црвените килими месецов.
На премиерата на филмот во Лос Анџелес таа беше облечена во мал црн фустан на дизајнерката Stella McCartney . Фустанот е со доста длабоко деколте, па многумина ја искритикуваа за изборот.