Kраставица или домат? Најкраткиот тест за опис на вашата личност

Овој тест го обиколил целиот свет и стекна огромна популарност.

Вистина е дека, сепак, е направен на база на длабоки анализа, па иако наизглед делува сосема банално, со оглед на двете бизарни прашања што ги содржи, сепак, дајте му шанса.

Да не објаснуваме повеќе, еве го и него. Единствено што треба да направите е да изберете помеѓу:

А) Краставица или домат;
Б) Лубеница или диња?

А сега, погледнете ги резултатите според комбинацијата од плодот и зеленчук што се предвидени.

when-someone-gives-me-an-option-between-two-things_o_460541

Краставица и лубеница

Ваков избор е карактеристичен за мажите, а претставниците на посилниот пол, кои ја посочиле токму оваа комбинација се мажествени и сериозни. Тие ретко подлегнуваат на туѓи влијанија и не се склони кон зависности како злоупотреба на алкохол, на пример. Меѓу нив доминираат спортистите и љубителите на патувања. Со таков човек, секоја жена ќе се чувствува како зад крепосни ѕидови, бидејќи неговото чувство за одговорност се протега и врз семејните односи. Таквите мажи  лесно ги постигнуваат зацртаните цели. Но, имаат и некои недостатоци – на пример, не се многу романтични и ако жените до нив очекуваат да бидат пријатно изненадени со букет цвеќе, подобро директно да си кажат, наместо тажно да воздивнуваат и потајно да се надеваат.

Жените од овој тип често заземаат високи позиции, но во семејниот живот се беспомошни како деца – не се добри готвачки, не умеат да го распределат правилно семејниот буџет, не сакаат да бидат домаќини. Сепак тие се верни пријатели и сопружници.

Домат и диња

Луѓето со предност за оваа комбинација се весели и активни. Се одликуваат со зголемена комуникативност, но не секогаш нивните односи со луѓето се глатки, поради спонтаната емоционалност.

Мажите од овој тип внимаваат на практичноста и удобноста. Често ги преферираат топлите домашни влечки пред ранецот и вреќите за спиење.

Жените се емотивни, ги сакаат животните и домашното огниште, со нив секогаш е топло и пријатно. Сепак, можно е да се нетактични, бидејќи го зборуваат гласно она што го мислат. Искреноста е главен психолошки квалитет на луѓето од овој тип.

Краставица и диња

Луѓето од овој тип постојано доживуваат душевна загриженост. Под надворешната воздржаност се крие внатрешна тензија. Во исто време се креативни. Умеат да размислуваат и меѓу нив често се среќаваат научници и пронаоѓачи.

Со мажите од оваа „раса“ се живее како на врвот на заспан вулкан – никогаш не знаеш што ќе се случи утре.

Жените не прават скандали за ситници, но знаат да бомбардираат со навреди и во еден прекрасен ден се способни да ги искршат сите чинии дома.

Домат и лубеница

Вие сте избалансирани, тактични и спокојни. Ги сакате убавите предмети и имате одличен вкус.

Мажите од овој тип се креативни суштества, често стануваат музичари или сликари. Можат да се покажат и заљубени се во себе.

Жените се импресивни, страсни и постојани, предани, нежни и внимателни сопрузи.

Најдобрите брачни сојузи според типовите во овој тест се склучуваат помеѓу:

– Маж „лубеница-краставица” и жена „краставица-диња”;
– Маж „лубеница–домат” и жена „лубеница – краставица”;
– Маж „краставица –диња” и жена „домат – диња”;
– Маж „домат – диња” и жена „домат – лубеница“.

- Реклама -