Лари Флинт, кралот на порно индустријата слави 40 години од основањето на порнографското списание Hustler.
„ Присутни сме во повеќе од 60 земји“, задоволно вели Флинт, облечен во одело и златен прстен со дијаманти, во разговор во неговата огромна канцеларија на Беверли Хилс со дебел зелен килим и рококо декор.
На неговата маса се распоредени фотографии од неговите сопруги, него и Бил Клинтон, карикатури и цела колекција списанија. Магнатот има 71 година, а се движи со помош на инвалидска количка, после атентатот во 1978. година.