Кралицата постави правила: Еве кои забрани ги доби миленичката Кејт

Таа е миленичка на Британците (и пошироко), но некои правила на кралското семејство мора да се почитуваат.

Screenshot_2
Иако војвотката Кејт Мидлтон сруши некои правила кога станува збор за церемониите, како што се крштевање или објавување фотографии од своите деца кои самата ги сликала, некои правила мора да бидат почитувани кои се поставени од самата кралица Елизабета II.

Screenshot_6

Да се биде дел од кралското семејство има свои предности, но исто така и збир на правила. Ова се дел од нив:

– Кејт веќе некое време е на листата на најдобро облечени жени, а се чини дека и кралицата има прсти во тоа. Препорачливо е војвотката од Кембриџ да не носи лак за нокти со светли и впечатливи бои, а не е пожелно ниту да носи кондури со отворени прсти. Инаку, кралицата не сака да носи сандали со платформа но Кејт најде начин да го заобиколи тоа правило па избира лакирани беж платформи, кои се елегантни и одговараат на се.

kmiddleton1_gl_12sep12_rex_bt

– Дамата носи здолништа, и тоа онакви кои не ги откриваат колената. Хулахопките се задолжителни, без разлика дали е лето или зима. Панталоните се дозволени во исклучителни ситуации, а фармерките доаѓаат во предвид само во приватно време и за игра со децата.

Screenshot_5

– Кејт е советувана да посвети големо внимание на косата и веѓите. Негата е приоритет, а нема место за надградби на коса или посветли прамени.

Screenshot_3

– И модните додатоци внимателно се одбрани. Кејт не смее да носи бижутерија туку исклучително накотот на кралското семејство. Што се однесува на чантите, се препорачува да ја носи во раце или на лактот. Никако на рамо.

kate-middleton-polo-outfit-image-3-909994565

Кејт Мидлтон освојува со својот дамски стил, па и да направи некоја грешка брзо може да и се прости.

- Реклама -