Кралицата Елизабета ја замоли војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон на официјалната турнеја по Австралија да носи скапа гардероба, односно нешто со кое што не може да се поистовети обичниот народ.
Иако модните критичари се едногласни кога е стилот на Кејт во прашање, јавноста ја сака затоа што во нејзините комбинации можат да се најдат комбинации пристапни за сите материјални класи.
Сепак, очигледно на Кралицата и пречи што народот се поистоветува со Кејт, па ја советувала да носи скапа гардероба.
Така Кејт ќе мора да се поднови за на пат, па пазари парчиња од брендот „Ralph & Russo” чии што комплети се продаваат и по цени од 50 илјади фунти.