Кралицата Елизабета е во сродство со Парис Хилтон?

Британскиот премиер Дејвид Камерон е роднина, поточно 13. колено на Ким Кардашијан, а Кралицата Елизабета е подалечен роднина на Парис Хилтон, барем како што тврди овој проект за глобално семејсно стебло.

Џорџ Клуни, Принцот и Џорџ Буш се само некои од познатите личности кои се во сродство и можат меѓусебно да се нарекуваат фамилија, благодарение на  “Global Family Reunion” , проект што вклучува семејно стебло на 77 милиони луѓе.

Организаторот на проектот Ал Џејкобс, автор од Њујорк, ги повикува луѓето да се приклучат на глобалната кампања и да ги откријат своите славни роднини.

Користејќи веб сајт што ќе функционира како Википедија, поточно каде посетителите ќе можат самите да го внесат своето стебло, Ал ќе се обиде да направи листа на цела човекоа раса.

- Реклама -