Прекрасната манекенка Ирина Шајк, се појави на црвениот килим на Cinema Against AIDS Gala, облечена во раскошен зелен фустан.
Истиот е дел од новата колекција на „Версаче“. Фустанот ја истакнуваше нејзината беспрекорна силуета, па така поранешната девојка на Кристијано Роналдо успеа да ги собере сите погледи за време на настанот, и сите насловни страни низ медиумите ширум светот.
Ирина е нашиот моден погодок на денот, а откако ќе ги видите фотографиите во продолжение, ќе се согласите и вие.