Кошмар во Плејбој вилата: Поранешна зајачица ги откри мрачните тајни на Хју Хефнер

Зајачицата Холи Медисон, која на остатокот од светот му се претстави како девојка на Хју Хефнер, во нејзината биографија “Down The Rabbit Hole” откри дека животот преполн со луксуз, егзотични патувања и луди забави кои ѝ ги обезбедило „момчето“ повеќе наликувале на кошмар, отколку на исполнување на соништата.

Токму како и нејзината колешка Кендра Вилкинсон, и Холи Медисон одлучила да ја раскаже другата страна од приказната за животот во Плејбој вилата.

 Холи во книгата “Down The Rabbit Hole” ја опишала првата средба со славниот Хју Хефнер. Холи го запознала Хефнер во 2001 година, во еден ноќен клуб во Лос Анџелес каде што работела како келнерка. Тогаш имала 21 година.

„Ме праша дали сакам дрога, а после тоа ја отвори раката која беше полна со пилули“, се присетува Холи и додава дека откако одбила, Хефнер ѝ рекол:

 „Главно сум против дрогата, но овие пилули во 70-тите ги нарекувавме ’отварач на бутовите’“.

Меѓутоа, и покрај нетипичното запознавање, Холи Медисон набрзо станала една од постојаните девојки на популарниот Хефнер.

Таа во книгата открива дека, и покрај врежаното мислење за гламурозниот животен стил во Плејбој вилата, реалноста сепак е поинаква. Живот преполн со подметнувања, љубомора, контрола и манипулација бил секојдневие на девојките кои живееле во вилата.

569247_hju-hefner-foto-profimedia_f

„Пред да се преселам во вилата, бев личност која пукаше од самодоверба, а после преселувањето мојата самодоверба нагло спласна“, напишала Холи. Набрзо потоа станала жртва на љубоморните зајачици кои ѝ забивале нож во грбот на секој чекор.

 Меѓутоа, сепак Хефнер бил тој кој најмногу влијаел на тоа нејзината самодоверба во целост да исчезне. Меѓутоа, и покрај тоа, Холи покрај Кендра и Бриџит, станала една од постојаните девојки на Хефнер. Но, за разлика од нив две, Холи неколку години биле девојка „број 1“ на Хефнер, која за разлика од останатите го делела креветот со овој 80-годишен маж.

Холи, Кендра и Бриџит имале и свое телевизиско ријалити шоу кое успешно се емитувало дури четири години.

 Меѓутоа, кога Хефнер ја обвинил дека го изневерила со магионичарот Крис Ејнџел, Холи одлучила да си замине и никогаш да не се врати.

Денес е омажена и има едно дете. Нејзината книга “Down The Rabbit Hole” ќе биде пуштена во продажба на 23 јуни.

- Реклама -