Доделувањето на престижната награда Оскар и оваа години ги привлече само најпознатите имиња од светот на филмот и музиката.
Жешката Џенифет Лопез ја имала честа да ја презентира наградата за најдобар костум, а својот моден избор „се совпаднал“ со сопругата на Роберт Дувал.
Џенифер Лопез за оваа прилика одбрала раскошен фустан во боја на кожа, со потпис на Ели Сааб, со нагласено деколте, со збогатени слоеви тул која совршено излгедаше на привлечното тело на прекрасната пејачка.
За жал, многу сличен фустан на истиот дизајнер во боја на праска избрала и Луцијана Педраза, 43-годишната сопруга на Роберт Дивал, кој беше номиниран за најдобра машка споредна улога.
Познатите дами од светот на филмот избираат фустан за оваа вечер неколку месеци пред самата церемонија, а стилистите и дизајнерите внимателно се координираат за да избегна токму ваква ситуација.
Очигледно, никој не ја прашал г-ѓа Дувал што ќе носи на 87-то доделување на Оскар.
Па, според вас, на кого му стои подобро овој модел на фустан?