Доколку некогаш сте се нашле во ситуација да ви го украдат мобилниот телефон, знаете дека станува збор за мигови во кои сте преокупирани со најразлични грижи. За да смирите барем неколку од нив, ќе би биде од корист следниот трик.
Најпрво треба да го пријавите случајот кај надлежните власти, кои ќе се обидат да го лоцираат мобилниот апарат. Освен тоа, можете да го заклучите уредот така што крадецот не би можел да го употребува. Прво, треба да го знаете серискиот број на вашиот мобилен. За да дознаете кој е, притиснете *#06# , и на екранот ќе се појави 15-знаковен број кој е единствен за вашиот уред.
Испишаниот број напишете го на лист хартија и чувајте го на сигурно место, доколку некогаш се најдете во ваква ситуација. Тогаш, се што треба да направите е на вработените во телефонскиот оператор кој го користите да им го издиктирате серискиот број, и да побарате да го блокираат. Вака блокираниот телефон е во целост бескорисен за крадците, дури и доколку ја променат сим-картичката. После ова продолжете да се залагате да се лоцира вашиот мобилен телефон за во што пократок период да го добиете назад.