Конечно! Земјината топка во живо од вселената

Канадската компанија UrtheCast и руската меѓународна станица ќе постават камери со висока резолуција за пренос во живо на Земјината топка.

Во моментов има десетици софистицирани сателити кои ја снимаат и фотографираат Земјата, но за јавноста се достапни само ограничен број на информации. Фотографиите и снимките кои ни се достапни на нас, најчесто се пласирани од сервисот на Google Earth, но поголемиот број од нив се стари и по 10 години.

Оваа есен канадската фирма UrtheCast и руската свемирска агенција  ќе постават две камери со висока резолуција на интернационалната вселенска станица (ISS). Сите фотографии и снимки ќе бидат складирани во јавна и достапна база на информации каде што сите преку интернет ќе имаат пристап до нив.

Ова со сигурност ќе биде еден фасцинантен момент за целата човекова цивилизација. Можностите што ги отвара овој проект засега можеме само да ги замислуваме, но набгу и ќе бидеме сведоци на нив.
[youtube]http://youtu.be/wVZA1V4Ttc0[/youtube]

The truth is out there

- Реклама -