Значи, да разјасниме… Не е дека оваа комбинација на Рита Ора е до толку многу импресивна, колку што решивме да го одбележиме денот кога таа после долго време има облечено нормална комбинација во која впрочем изгледа навистина убаво. После низата утки, експериментирања, и потрага по што поексцентричен стил, се чини дека во последно време пејачката со косовски корени реши да се потсмири. Имено, овој пат таа беше забележана во Њујорк, облечена како гламурозна рок ѕвезда. Подобрување кое решивме да го наградиме со титулата Моден погодок на денот.